logo
logo
logo

„Иновативни можности и решенија за финансирање на транспортни коридори” - Вицепремиерот Николоски на висок министерски форум во Истанбул

Vecer | 27.06.2025

„Иновативни можности и решенија за финансирање на транспортни коридори” - Вицепремиерот Николоски на висок министерски форум во Истанбул

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска и утре учествува на Форум за министри за транспорт што се одржува во Истанбул.

Во планираната агенда е предвидено обраќање на вицепремиерот Николоски на панелот насловен „Иновативни можности и решенија за финансирање на транспортни коридори”.

На Форумот „Глобална Транспортна Поврзаност” предвидено е да се обрати претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, министерот за транспорт на Турција, Абдулкадир Уралоглу како и други министри од Европа и светот.

На настанот ќе земат учество и бројни министри како што се министерот за транспорт на Шпанија, на Албанија, на Саудиска Арабија, Сингапур, Црна Гора, Обединетите Арапски Емирати, како и многу други високи претставници од институции од областа на транспортот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk