Во напредна фаза е решението за довршување на зградите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и Факултетот за физичка култура (ФФК) во близина на Ректоратот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј (ФИНКИ), кажа на денешниот брифинг со новинарите министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Во работната група учестуваат од Машинскиот, Електротехничкиот, Градежниот, Архитетконскиот факултет и Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеиозмологија (ИЗИИС). Направена е анализа и следната недела ќе биде објавен трндер за репроектирање. Кога ќе биде готов ќе има оглас за изведувач на градежните работи, кажа министерката Јаневска.
Јаневска објасни дека објектите нема да имаат барокна туку модерна фасада и, според новиот проект, предвидено е двата да бидат споени со мост.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата