logo
logo
logo

Ефимија Димовска е назначена, КИРЕ НАУМОВ Е РАЗРЕШЕН ОД ДИРЕКТОРСКОТО МЕСТО ВО РАЗВОЈНА БАНКА

Vecer | 27.02.2026

Ефимија Димовска е назначена, КИРЕ НАУМОВ Е РАЗРЕШЕН ОД ДИРЕКТОРСКОТО МЕСТО ВО РАЗВОЈНА БАНКА

Директорот на македонската Развојна банка, Кире Наумов, е разрешен од функцијата, објави банката на Македонска берза.

На негово место за вршител на должноста е назначена Ефимија Димовска, која во јануари годинава беше именувана за член на Надзорниот одбор.

Според соопштението објавено на Берзата, Наумов е разрешен од страна на Надзорниот одбор на Развојна банка на 23.02.2026 година, една година пред истекот на неговиот мандат.

Ефимија Димовска која е назначена за  в.д. директорка е  доктор на економски науки со специјализација во финансиите и пристапот до финансирање на мали и средни претпријатија. Професионална кариера ја градела на одговорни и раководни позиции во Министерството за финансии, Развојната банка, енергетскиот сектор и високото образование. Повеќе од 18 години активно работи во областа на развојно банкарство, финансиски сектор и меѓународни проекти.

Развојната банка државна банка која има клучна улога во финансирањето на македонските компании преку поволни кредитни линии од меѓународни финансиски институции.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk