logo
logo
logo

Шокантни податоци од пазарот: РУСИТЕ ПОВЕЌЕ НЕ САКААТ ВОТКА

Vecer | 10.06.2025

Шокантни податоци од пазарот: РУСИТЕ ПОВЕЌЕ НЕ САКААТ ВОТКА

Пазарот на алкохолни пијалоци во Русија драстично се менува, а вотката се произведува сè помалку, според податоците објавени денес од рускиот регулатор за алкохол и тутун.

Вкупното производство на алкохолни производи (освен пиво и сродни пијалоци) во Русија во периодот од јануари до мај 2025 година се намали за 20,4 проценти во споредба со истиот период минатата година, на 59,96 милиони декалитри (дал), пренесува Интерфакс.

Голем пад е забележан во случајот со вотката, чие производство се намали за 13,2 проценти, на 25 милиони дал, додека производството на пијалоци од типот коњак се намали за дури 19,5 проценти, на 2,69 милиони дал. Производството на ликери и слични жестоки пијалоци се намали за три проценти, на 6,54 милиони дал.

Вкупно, во петте месеци од 2025 година, во Русија се произведени 37,41 милиони дал жестоки пијалоци (со јачина од повеќе од девет проценти), што е за 12,1 процент помалку од минатата година.

Спротивно на тоа, производството на вина од грозје се зголеми за 10,4 проценти на годишно ниво на 14,7 милиони дал, а пенливите вина од типот шампањ за 17,8 проценти на шест милиони дал.

Овие податоци укажуваат на подлабоки промени во руската алкохолна индустрија, под влијание на даночните политики, инфлацијата, трошоците за производство и промените во навиките на потрошувачите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk