logo
logo
logo

БАНКАРСКИТЕ ТРОШОЦИ СЕ НАМАЛУВААТ ОД 202

Vecer | 31.08.2025

БАНКАРСКИТЕ ТРОШОЦИ СЕ НАМАЛУВААТ ОД 202

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ) најави значителни олеснувања за граѓаните во делот на банкарските трошоци. Според него, од 2026 година ќе се воведат законски измени со кои ќе се намалат провизиите и трошоците за користење на основни банкарски услуги.

– Нашите плати и заштеди се кај банките и таму треба да има фер однос кон граѓаните. Големите и средните банки веќе почнаа да ги намалуваат провизиите, но ќе одиме чекор понатаму. Планираме платежна сметка за основни функции која ќе овозможува плаќање на сметки и подигање готовина со многу ниски или бесплатни трошоци – изјави Славески.

Тој појасни дека граѓаните ќе можат да подигнуваат готовина од банкомати без провизија четири пати месечно, со ограничена сума до 2.000 денари. Дополнително, плаќањата преку мобилно и електронско банкарство ќе бидат значително поевтини, што ќе обезбеди полесен пристап до основни банкарски услуги и ќе ги намали трошоците за корисниците.

– Ова ќе важи за секој граѓанин и очекуваме ефективност од почетокот на 2026 година – додаде гувернерот.

Славески истакна дека овие мерки се дел од пошироката стратегија за подобрување на пристапот до финансиски услуги и намалување на трошоците за граѓаните, додека во исто време каматните стапки остануваат ниски поради високата ликвидност во банкарскиот сектор.

– Со стабилизирање на инфлацијата и нејзино намалување под три проценти, граѓаните ќе имаат појасни и поодржливи услови за користење на кредити и други банкарски услуги – рече Славески.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk