logo
logo
logo

ИНДИЈА ОФИЦИЈАЛНО ЈА ПРЕТЕКНА ЈАПОНИЈА Индиската економија со најголем раст

Vecer | 02.01.2026

ИНДИЈА ОФИЦИЈАЛНО ЈА ПРЕТЕКНА ЈАПОНИЈА Индиската економија со најголем раст

Индија официјално ја претекна Јапонија и стана четврта најголема економија во светот, со бруто-домашен производ од 4,18 билиони долари.

Се очекува до 2030 година да ја претекне Германија и да го заземе третото место.

Владата во Њу Делхи во годишното соопштение прогнозира дека во 2030 година бруто-домашниот производ на Индија ќе изнесува 7,3 билиони долари.

Во вториот фискален квартал, од јули до септември, индиската економија порасна дури за 8,2 отсто на годишно ниво, што претставува најголем раст меѓу големите економии.

Силната домашна потрошувачка и растот на приватните инвестиции се клучни двигатели на растот, а аналитичарите истакнуваат дека стабилната фискална политика и зголемувањето на кредитните текови им овозможиле на компаниите да го прошират производството и да го поттикнат вработувањето, што дополнително го зајакнува економскиот замав.

Индиската влада во изминатата година спроведе низа реформи кои го олеснуваат работењето, вклучувајќи подобрувања во даночниот систем и олеснувања за странските инвеститори.

Овие мерки создадоа средина погодна за долгорочни инвестиции и технолошки развој, што е особено важно за индустриите со висока додадена вредност.

Меѓународните финансиски институции го потврдуваат оптимизмот, бидејќи Светската банка очекува економски раст на Индија од 6,5 отсто во 2026 година, агенцијата Мудис предвидува раст од 6,4 до 6,5 отсто, додека ММФ и ОЕЦД прогнозираат стабилен раст во наредните години.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk