Само околу 10 проценти од казните издадени на странски возачи во Брисел се наплатени, па вредноста на неплатените казни во изминатите две години надмина 25 милиони евра.
Во 2023 година, странците платиле само 9,74 проценти од сообраќајните казни, додека минатата година тој процент бил уште помал и изнесувал 9,07 проценти, изјави белгиската министерка за транспорт Елке ван ден Брант.
Според извештаите, белгиските возачи се многу посовесни кога станува збор за плаќање казни, па во 2023 година биле платени дури 80 проценти од издадените казни, а минатата година 76 проценти.
Министерката Ван ден Брант нагласи дека за решавање на овој проблем се неопходни договори со други земји.
Белгија има билатерални договори само со Франција и Холандија за наплата на сообраќајни казни.
Во Брисел се подготвуваат дополнителни мерки за да се принудат несовесните возачи да плаќаат казни, а градската паркинг служба наскоро ќе добие овластување да го „зароби“ тркалото на автомобилот или да го влече ако некој има повеќе неплатени казни.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата