logo
logo
logo

Макстил со исклучително ниски вредности на емисиите на цврсти честички

Vecer | 09.01.2026

Макстил со исклучително ниски вредности на емисиите на цврсти честички

Пониски вредности за десетици пати од законски утврдените гранични вредности забележаа мерните станици на Макстил во четвртиот квартал од 2025 година, што уште еднаш ја потврдува високата енергетска ефикасност на технолошките процеси и системи инсталирани во компанијата.

Според редовниот мониторинг на емисиите, кој се спроведува согласно методологии за мерење на стационарни извори, измерените вредности на цврсти честички за месеците октомври, ноември и декември 2025 година покажуваат конзистентно исклучително ниски вредности, кои се во согласност со одредбите од А-интегрираната еколошка дозвола издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање, како и релевантната законска легислатива.

На емисионата точка Оџак од филтер постројка, каде граничната вредност за емисија на цврсти честички изнесува 20 mg/m³, измерените вредности во четвртиот квартал беа значително пониски: највисоката е 0,45 mg/m³ во октомври и најниската само 0,03 mg/m³ во декември, што ги поставува емисиите на нивоа десетици пати под дозволената граница.

И на емисионата точка Оџак од пескара, каде што е предвидена гранична вредност од 30 mg/m³, измерените концентрации исто така се на исклучително ниско ниво, највисоката е 0,39 mg/m³ во октомври, 0,27 mg/m³ во ноември и 0,38 mg/m³ во декември. Овие резултати укажуваат на постојана контрола и ефективност на применетите системи за филтрирање, со емисии кои остануваат значително под пропишаните максимални вредности.

Овие податоци ја реафирмираат општествената одговорност и посветеноста на Макстил кон унапредување на животната средина и одржливо работење, преку континуирани инвестиции во модерни технологии, системи за следење на емисиите.

Компанијата ќе продолжи активно да ги следи сите релевантни индикатори и да работи во согласност со највисоките еколошки стандарди.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk