logo
logo
logo

Кинеските Тему и Шеин најавија зголемување на цените поради царините на Трамп

Vecer | 16.04.2025

Кинеските Тему и Шеин најавија зголемување на цените поради царините на Трамп

Кинеските онлајн продавници „Тему“ и „Шејн“, познати по цените, следната недела ќе ги зголемат цените на производите поради заострената политика на американскиот претседател Доналд Трамп за увоз со ниска вредност и високите царини што ги зголемија оперативните трошоци за овие компании.

Во слични писма што компаниите ги испратија до своите клиенти оваа недела, тие велат дека ќе ги зголемат цените почнувајќи од 25 април и ги охрабруваат потрошувачите да купуваат „по денешните цени“.

„Поради неодамнешните промени во глобалните трговски правила и тарифи, нашите оперативни трошоци се зголемија. За да продолжиме да ги нудиме производите што ги сакате без да го загрозиме квалитетот, ќе ги прилагодиме нашите цени почнувајќи од 25 април 2025 година“, се вели во соопштението на двете компании.

Shein и Temu, кои продаваат производи од играчки до паметни телефони, забрзано пораснаа во САД, делумно благодарение на „de minimis“ ослободувањето што им овозможува да ги задржат цените ниски.

Сепак, нивниот бизнис модел се најде под притисок по неодамнешната извршна наредба на претседателот Доналд Трамп со која се затвора трговската дупка што им овозможи на пакетите поевтини од 800 долари од Кина и Хонг Конг да влезат во Соединетите држави без царина.

Наредбата стапува на сила на 2 мај.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk