logo
logo
logo

Паника во земјата: СЛЕДУВА ИСТОРИСКА РЕЦЕСИЈА?

Vecer | 27.05.2025

Паника во земјата: СЛЕДУВА ИСТОРИСКА РЕЦЕСИЈА?

Германската индустриска и трговска комора (DIHK) не се надева на брзо економско закрепнување.

„Будењето на економијата што сите го очекуваме и што ѝ е потребно на нашата земја сè уште не е на повидок“, рече извршната директорка на DIHK, Хелена Мелников.

„Стравот станува сè пореален, додаде таа, дека за прв пат во повоената историја на Германија, економскиот раст ќе биде негативен трета година по ред. Мораме да направиме сè за да не биде ова изгубена година.“

DIHK очекува мал пад на БДП за оваа година, односно рецесија од 0,3 проценти.

Затоа комората е попесимистичка од владата и од советот на економски мудреци, експертското тело на владата. Владата и советот прогнозираат стагнација за оваа година.

Хелена Мелников се осврна на резултатите од новата анкета спроведена од DIHK меѓу повеќе од 23.000 компании. Одредени индикатори покажуваат мало подобрување, но очекувањата сè уште се претежно негативни.

Само една четвртина од компаниите ја оцениле својата моментална состојба како добра. Деловните очекувања за компаниите се сè уште претежно песимистички.

Компаниите ги гледаат економските и политичките општи деловни услови, слабата домашна побарувачка, високите трошоци за работна сила, растечките социјални давачки и високите цени на енергијата и суровините како најголеми ризици.

Построгата и понепредвидлива царинска политика на САД оди рака под рака со тоа.

Компаниите сè уште чекаат, рече Хелена Мелников, а последица на тоа е дека и инвестициите чекаат. Затоа е итна потреба од активно дејствување во економската политика.

Хелена Мелников ги наведе целите за намалување на цената на електричната енергија на европскиот минимум, поедноставни услови амортизација и намалување на бирократијата.

Самата нова влада најави обемен пакет мерки за олеснување на компаниите до летото. Тие вклучуваат намалување на цената на електричната енергија и поедноставни услови за амортизација, за да се поттикнат инвестициите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk