logo
logo
logo

Славески: Процесот на дезинфлацијата ќе продолжи, а инфлацијата ќе се врати на историските 2%

Vecer | 01.09.2025

Славески: Процесот на дезинфлацијата ќе продолжи, а инфлацијата ќе се врати на историските 2%

Народната банка очекува дека процесот на дезинфлација ќе продолжи во наредната една до две години, при што инфлацијата ќе се приближи до историските нивоа од околу 2%.

Сè уште имаме повисоки инфлациски очекувања во државава, коишто ја поттикнуваат инфлацијата. Граѓаните и производителите очекуваат раст на цените, што само ја одржува ценовната динамика. Сепак, со постојано преземање монетарни мерки и со одговорна фискална политика ќе се обезбеди стабилност и пониска инфлација“, појаснува гувернерот Трајко Славески во интервју за „Радио Слободна Европа“.

Народната банка ја задржа истата референтна каматна стапка од почетокот на годината и презеде мерки за задолжителната резерва, заради стимулирање на штедењето и за одржување на финансиската стабилност. Гувернерот истакна дека само со внимателно комбинирање на монетарни и фискални политики, фокусирани на долгорочни капитални инвестиции, може да дојде до трајно пониски нивоа на инфлација.

Славески нагласува дека на Владата не ѝ одговара висока инфлација, напротив – стабилната и ниска инфлација е во интерес на сите, како на граѓаните, така и на приватниот сектор и на државните политики.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk