logo
logo
logo

Николоски: Имаме големи планови за ИЗГРАДБА НА НОВИ ЕКСПРЕСНИ ПАТИШТА

Vecer | 26.02.2026

Николоски: Имаме големи планови за ИЗГРАДБА НА НОВИ ЕКСПРЕСНИ ПАТИШТА

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски во поткаст ги истакнува инфраструктурните планови на Владата за изградба на нови експресни патишта за поквалитетно регионално поврзување.

Тој вели дека плановите опфаќаат изградба на нов експресен пат од Кочани до граница со Бугарија, нов експресен пат од Радовиш до Струмица и нова врска на Коридор 10 со Коридор Струма преку изградба на експресен пат од Смоквица преку Струмица до граница со Бугарија.

„За нов експресен пат од Куманово до Страцин вели дека веќе се работи на заеднички постапки со Европска Унија и тој ќе го поврзе делот од Страцин до Крива Паланка кој беше пуштен за сообраќај минатата година.

Сега во соработка со ЕУ треба да го изградиме делот од Куманово до Страцин. Експресните патишта ќе бидат различини од досегашните што ги изградивме. Сменивме Закон и Правилник и ќе сега ќе личат на пример на автопатот Тетово -Гостивар каде ќе имаат две плус две летни со ограда на средина, ама оградата нема да биде бетонска, туку класична еластична ограда, таков е потегот на Дреново - Фариш таму имаме две плус две ленито со еластична ограда на средина. На Влада ги поминавме основните документи за експресен пат од Кочани до граница со Бугарија.  Клучен проект за мене е експресен пат од Радовиш до Струмица и уште еден експресен пат од Смоквица преку Струмица до граница со Бугарија и Петрич од другата страна”, истакна вицепремиерот Николоски.

Во однос на автопатиштата на Коридор 8 и Коридор 10 -д, тој исткана дека тие се работат со потребната динамика и со добро планирање и менаџирање, ќе се завршат во зададените рокови.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk