logo
logo
logo

Два авиони пренасочени од Скопје во Приштина - СИЛЕН ВЕТЕР ГО ЗАФАТИ СКОПСКИОТ РЕГИОН

Vecer | 17.11.2025

Два авиони пренасочени од Скопје во Приштина - СИЛЕН ВЕТЕР ГО ЗАФАТИ СКОПСКИОТ РЕГИОН

Поради силен јужен ветер што го зафати скопскиот регион, два авиона се пренасочени да слетаат на приштинскиот аеродром, соопшти вечерва Дирекцијата за заштита и спасување.

Од ДЗС информираат дека два други авиона сѐ уште кружат и чекаат инструкции за слетување на Меѓународниот аеродром Скопје.

Надлежните ја следат состојбата и апелираат патниците да ги следат информациите од авиопревозниците и од аеродромските служби.

Според информациите од веб страницата на ТАВ Македонија, ќе има доцнења на летовите од Скопскиот до аеродром Милано Молпенса

Од Управата за хидрометеоролошки работи, пак, утринава соопштија дека се очекува да наврне поголема количина дожд, односно над 30 литри на метар квадратен, додека ноќеска во северозападните делови на земјава ќе има услови за слаб локален дожд.

Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, до 60 километри на час.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk