logo
logo
logo

Данска ќе произведува артилериски ракети базирани на СРПСКА ТЕХНОЛОГИЈА

Vecer | 23.12.2025

Данска ќе произведува артилериски ракети базирани на СРПСКА ТЕХНОЛОГИЈА

Данската компанија SkyPro Propulsion ги доби сите потребни дозволи за да започне со производство на артилериски ракети од 122 мм во Вандел во близина на Билунд, користејќи ја технологијата на српската компанија EDePro, со план за производство до 10.000 парчиња годишно, објави данската државна телевизија TV 2.

Директорот на SkyPro, Михаел Кјер Соренсен, истакнува дека проектот е „огромен“ и дека компанијата ги има сите потребни ресурси - од техничка опрема и инвеститори до поддршка од данското Министерство за одбрана.

- Работевме на добивање дозволи веќе година и пол, а сега сме подготвени да започнеме со производство - рече Соренсен.

Според TV 2, производството треба да започне во летото 2026 година.

Производствениот објект ќе користи 37 поранешни бункери на НАТО во старата воздухопловна база Вандел, кои се користеле за складирање бомби и експлозиви за време на Студената војна. Објектот ќе биде високо обезбеден, со видео надзор и сензори за движење, а 110 нововработени инженери и работници ќе учествуваат во производството.

Ракетите ќе бидат компатибилни со данскиот систем PULS, купен од Израел, како и со американските системи HIMARS. Тие имаат дострел од над 40 километри и носат боева глава од 24 килограми експлозив.

Ракетите ќе користат технологија испорачана од српската компанија EDePro, позната, како што беше кажано, по долгогодишен извоз во земјите од НАТО и експертиза во развојот на ракетни системи.

Се додава дека данските власти, вклучувајќи го Министерството за надворешни работи, Министерството за правда и Службата за разузнавање, детално го провериле проектот, „имајќи ги предвид врските на Србија со Русија“.

Соренсен истакна дека Србија е позната по своите блиски врски со Русија, додавајќи дека во текот на летото, како што објави TV2, извозот на оружје во Западна Европа бил запрен „под руски притисок“, што веројатно влијаело на темелноста на данските власти.

- Внимателно го проверивме нашиот добавувач. Станува збор за компанија со единствена експертиза во производството на ракети, која со години извезува во неколку земји од НАТО. Затоа немам никакви сомнежи за соработка со нив - рече Соренсен, објави ТV 2.

SkyPro планира ракетите да бидат по стандарди на НАТО, а една од целните локации за извоз се земји како Германија, Франција, Финска и Украина, каде што во моментов се користат стотици ракети дневно.

Соренсен додаде дека целта на компанијата е да стане првиот производител на тешко воено оружје во Данска и да лансира поширока домашна одбранбена индустрија.

ЕDePro е српска одбранбена компанија од Белград која се занимава со истражување, развој и производство на погонски системи за ракети, ракетни мотори, неводени и водени ракети, како и други компоненти за воени и цивилни апликации.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk