logo
logo
logo

Штипските пензионери со порака до Владата:

АКО ИМА ЗА ВАС, ТРЕБА ДА ИМА И ЗА НАС

Vecer | 13.09.2023

АКО ИМА ЗА ВАС, ТРЕБА ДА ИМА И ЗА НАС

„Ако има за вас треба да има и за нас“, „Линеарно покачување на пензиите, од 3500 денари нема отстапување“, „Навредливо, во 21 век пензионерите да протестираат за своите права“ – со транспаренти штипските пензионери и денеска излегоа на мирен протест не откажувајќи се од своите барања. Линеарно покачување на пензиите за 3500 денари бараат за подостоинствен живот.

- Иако во години, ниту сме слепи, ниту сме глуви за да ги видиме сите криминали, сите тендери кои се прават во четири очи. Не треба да бидеме навредени, понижени и сиромашни во оваа трета доба од нашиот живот. За достоен живот на сите пензионери, – вели Арсовска.

Денеска уште еднаш побараа поголема масововност на протестите со цел да може да успеат во своите барања. Наредниот протест е закажан за во петок во10 часот со повик да се вклучат што е можно повеќе пензионери.

- Ние треба да бидеме масовни и да излеваме, сакаме да добиеме, а друг да ни трча. Една птицапролет не прави, илјада птици прават пролет, додадоа пензионерите.

Веќе во понеделник протестот ќесе одржи во Скопје пред Влада, со што ќе се прослави и Денот на пензионерите. Достоинствено како што започнаа штипските пензионери го завршија денешниот мирен протест за линеарно покачуваење на пензите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk