logo
logo
logo

Германски гигант затвора десетици филијали по 100 ГОДИНИ РАБОТЕЊЕ?

Vecer | 08.04.2025

Германски гигант затвора десетици филијали по 100 ГОДИНИ РАБОТЕЊЕ?

BayWa AG, компанија со стогодишна традиција и препознатливо име во земјоделството, градежништвото и енергетскиот сектор, најави затворање на дури 26 филијали низ Германија.

Концернот со повеќе од 100 години традиција веќе со месеци е во длабока криза и сега мора да преземе сериозни чекори. Минхенскиот BayWa или Bayerische Warenvermittlung landwirtschaftlicher Genossenschaften AG затвора 26 филијали, од кои речиси половина се наоѓаат во Баварија.

Ќе бидат укинати и околу 1.300 од вкупно 8.000 работни места со полно работно време.

Посебно погодени се секторите земјоделство и градежни материјали, а погоните за земјоделска механизација не се опфатени со кризата. Повеќето од работните места ќе бидат укинати во седиштето во Минхен.

„Постоечката мрежа на експозитури беше анализирана според побарувачката и профитабилноста. Анализата покажа дека некои гранки од градежен и земјоделски материјал не можат да бидат економски издржани на долг рок и затоа ќе бидат затворени етапно до крајот на 2027 година“, изјави за Билд портпаролот на компанијата.

Најголем дел од кратењето на работните места нема да има на терен туку во централните административни единици. Околу 40 отсто од работните места ќе бидат елиминирани токму таму - исто така до крајот на 2027 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk