logo
logo
logo

Ајвар, ќебапи и криптовалути во центарот на Скопјe: Binance носи мешавина од традиција и иновација

Vecer | 25.03.2026

Ајвар, ќебапи и криптовалути во центарот на Скопјe: Binance носи мешавина од традиција и иновација

Binance, водечката светска берза за криптовалути по обем на тргување и корисници, ќе одржи уникатен настан „Камион со ќебапи“ во Скопјe, Македонија. Од 10:00 часот наутро до 16:00 часот, на плоштадот пред влезот во Старата чаршија, жителите на Скопјe ќе имаат посебна можност да се поврзат со глобалната крипто заедница и да уживаат во ќебапи и ајвар.

Собирот е дизајниран да едуцира, инспирира и охрабри значајни разговори, без разлика дали меѓу крипто ентузијастите или оние кои се едноставно љубопитни за дигиталните валути.

Добро познатите ќебапи од Старата скопска чаршија ќе се служат заедно со ајвар, кој совршено го надополнува овој локален оброк. Додека уживаат во храната, посетителите ќе имаат и можност да се сретнат и да се вклучат во тимот на Binance, како и во други крипто корисници и да добијат увид од прва рака и основни знаења за тоа како функционира крипто тргувањето.

Традицијата не е спротивност на иновацијата - таа е нејзина основа. Од ќебапи и ајвар до криптовалути, вредностите се исти: автентичност, доверба и континуирано присуство. Тоа е точно она што сакаме да го постигнеме со овој настан, да им пренесеме на корисниците дека новите технологии можат да бидат блиски, разбирливи и релевантни, кога се градат врз вредности што луѓето веќе ги препознаваат и им веруваат“, велат од Binance.

Покрај споделувањето информации и едукацијата, целодневниот настан ќе вклучува интерактивни игри како што се HODL Bar и Plinko, преку кои посетителите ќе можат да освојат ексклузивни производи и награди од Binance. Учеството на социјалните медиуми ќе биде наградено и преку Binance Red Packets, кои нудат случајни награди и додаваат дополнителен слој на забава и ангажман на искуството.

Со овој настан, Binance носи свеж и навремен формат во центарот на Скопјe, создавајќи простор за едукација, вмрежување, директно изложување на светот на крипто и размена на искуства помеѓу локалната публика и глобалната крипто заедница. Посетителите ќе можат да искусат модерен пристап што ги прави дигиталните теми подостапни и поблиски за пошироката јавност.

На 28 март, Старата чаршија ќе стане место за средба на технологија, заедница и добра енергија. Настанот ветува поинаков вид градско искуство, со содржина дизајнирана да информира, да поврзува и да привлекува широка публика.

Повеќе информации за настанот се достапни на линкот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk