logo
logo
logo

Халкбанк со предвремена исплата на пензии - секогаш чекор пред времето, секогаш блиску до своите пензионери

Vecer | 29.05.2025

Халкбанк со предвремена исплата на пензии - секогаш чекор пред времето, секогаш блиску до своите пензионери

Халкбанк АД Скопје денес повторно донесе радост и олеснување за своите пензионери, исплаќајќи ги пензиите предвреме – како што тоа го прави со години наназад. Во време кога секој ден е важен, особено за највозрасните сограѓани, Халкбанк уште еднаш ја потврди својата посветеност на грижата, сигурноста и стабилноста што ја нуди на клиентите.

Предвремената исплата на пензиите не е само финансиска услуга – тоа е гест на внимание, почит и грижа што банката ја покажува кон своите највозрасни сограѓани. Халкбанк е една од ретките банки во земјава што со континуитет ја практикува оваа услуга, ставајќи ги потребите на клиентите на прво место.

Пензионерите – клиенти на Халкбанк, не само што имаат сигурност во исплатата на пензиите кои ги добиваат предвреме, туку имаат можност да станат корисници на за нив специјално дизајнираниот Пакет за пензионери, кој вклучува бесплатна MasterCard дебитна картичка и е-банкарство без никаков трошок во првата година. Покрај тоа, пакетот вклучува и симболични подароци за сите негови нови корисници.

Пакетот е достапен за сите нови клиенти кои ќе ја примаат својата пензија преку Халкбанк, како и за постоечките клиенти-пензионери кои ќе потпишат изјава во некоја од филијалите на банката. 

Халкбанк АД Скопје останува доследна на својата мисија да биде банка која се грижи за сите категории на клиенти, нудејќи финансиски решенија што прават разлика.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk