logo
logo
logo

Летечко такси доаѓа на EXPO! СРБИЈА ПОТПИША ДОГОВОР за 25 летала од американска компанија

Vecer | 21.01.2026

Летечко такси доаѓа на EXPO! СРБИЈА ПОТПИША ДОГОВОР за 25 летала од американска компанија

Министерот за финансии на Србија Синиша Мали и главниот комерцијален директор на американската компанија „Арчер Авијација“ Никил Гоел во Давос потпишаа Договор за партнерство, што треба да биде рамка за соработка меѓу Владата на Србија и таа компанија во воведувањето услуги за електрично-воздушно такси во Србија.

Договорот беше потпишан во Давос во присуство на претседателот на Србија Александар Вучиќ и основачот и извршен директор на „Арчер Авијација“, Адам Голдштајн.

Србија го избра „Арчер“ за свој префериран партнер и има можност за купување на почетната флота летала од типот „Полноќен лет“.

Договорот предвидува купување до 25 летала, во согласност со важечката законска рамка. Леталата „Полноќен лет“ моментно се во фаза на тестирање и нивната сертификација е неопходна.

Синиша Мали во Давос изјави дека со потпишувањето на Договорот „Арчер“, формално станал избран партнер на Србија за воздушно такси и официјален партнер за воздушно такси за Експо 2027, што ќе се одржи од мај до август 2027 година во Белград.

„Арчер“ претходно најави соработки и јавно-приватни партнерства за воздушно такси на други меѓународни пазари, вклучувајќи ги Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Индија, Јапонија и Кореја.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk