„Економските податоци се поразителни, инфлацијата изнесува 4,8%, што значи дека граѓаните денес имаат помалку пари во џебовите и живеат потешко“, вели Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ и додава:
„Цените растат, платите стагнираат, стандардот опаѓа. Секој ден граѓаните гледаат и чувствуваат на своја кожа како оваа власт на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ е неспособна да го подобри животниот стандард.
За нив важен е само бизнис интересот, личното богатење, луксузот на функционерите, со папаја, манго, приватни авиони, додека народот живее сè потешко и посиромашно.
Оваа власт нема ниту план, ниту економска политика, а нема ниту желба да им помогне на луѓето. Не ги слуша барањата на синдикатите за поголеми плати, не презема мерки за намалување на цените туку анализираат.
Владата е слепа за ситуацијата во која се наоѓаат илјадници работници, кои едвај го минуваат месецот.
Затоа, СДСМ јавно ја изразува својата целосна поддршка на Синдикатите за зголемување на минималната плата на 500 евра! Ние нема да се откажеме. СДСМ повторно ќе го поднесе Законот за минималната плата од 500 евра. За достоинствен живот и за фер плати, вели Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата