logo
logo
logo

Рокот истекува на 31 мај - ПРОВЕРЕТЕ ГИ ПОДАТОЦИТЕ ВО ГОДИШНИТЕ ДАНОЧНИ ПРИЈАВИ

Vecer | 02.05.2025

Рокот истекува на 31 мај - ПРОВЕРЕТЕ ГИ ПОДАТОЦИТЕ ВО ГОДИШНИТЕ ДАНОЧНИ ПРИЈАВИ

Управата за јавни приходи ги повикува граѓаните најдоцна до крајот на месецов да ги проверат податоците  во генерираните годишни даночни пријави (ДЛД-ГДП) кои се однесуваат за остварените приходи во 2024 година, а се поставени на нивните кориснички профили на системот „е-Даночни услуги“.

Секој кој е регистриран на системот „е-Даночни услуги“, велат од УЈП, има обврска во својот кориснички профил, најдоцна до 31.05.2025 година, да ја потврди или да ја коригира годишната даночна пријава доколку е потребно да се направи корекција.

-По истекот на овој законски рок потврдените и годишните даночни пријави кои не се потврдени ниту се коригирани ќе се сметаат за конечни, додека коригираните даночни пријави ќе треба да се одобрат од страна на службено лице од Управата за јавни приходи – појаснуваат од УЈП.

Доколку службеното лице не ја одобри коригираната даночна пријава, Управата за јавни приходи ќе донесе решение за утврдување на данокот на личен доход за 2024 година. Кај обврзниците во чија ДЛД-ГДП се појавува обврска за доплата на данок, по истекот на рокот за потврдување и коригирање, ќе се генерира налог за доплата со фолио број и истиот ќе биде содржан на третата страна во печатењето на даночна пријава (PDF документот). Обврзниците во чија ДЛД-ГДП се појавува повеќе платен данок, имаат можност во самата пријава да искажат барање за враќање на данокот.

Управата за јавни приходи информира направи 841.671 даночна пријава за 2024 година, што претставува раст од 6%, односно 47.947 повеќе генерирани даночни пријави за минатата година споредено со 2023 година, кога беа генерирани 793.724 пријави.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk