Големата криза во германската автомобилска индустрија станува сè поголема секој ден. Големиот производител на решетки за радијатори, амблеми и хромирани делови за ентериер „Пластик Манфактуринг“ поднесе барање за банкрот. Компанијата имаше над 1000 вработени на три локации во Германија.
„Пластик Манфактуринг“ произведува пластични и хромирани делови за „Ауди“, „БМВ“, „Мерцедес“, „Мини“, „Порше“ и други брендови во рамките на групацијата „Фолксваген“. Компанијата има три фабрики во Германија: во Нирнберг има 830 вработени, а погодени се и фабрики во Саксонија и Северна Рајна-Вестфалија со повеќе од 200 вработени.
Администраторот за банкрот Волкер Бем од адвокатската канцеларија „Шулце и Браун“ сега ја презеде работата и ќе се обиде да обезбеди автомобилските гиганти да добијат испораки на решетките за радијатори и логоата. Вработените ќе добиваат плати од гаранцијата за банкрот два месеци, пишува ХАК.
Администраторот за банкрот ќе ги контактира производителите на автомобили за да види дали се подготвени да помогнат во спасувањето на компанијата. Во спротивно, тие ризикуваат да произведуваат возила без решетки на предната фасада и логоа на хаубите.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата