logo
logo
logo

ЕВРОПСКИТЕ БЕРЗИ ПАДНАА поради кризата на Блискиот Исток, негативни трендови и во Азија, САМО ВО ЗАЛИВОТ СЕ ТРГУВА ВО ПОЗИТИВА

Vecer | 23.06.2025

ЕВРОПСКИТЕ БЕРЗИ ПАДНАА поради кризата на Блискиот Исток, негативни трендови и во Азија, САМО ВО ЗАЛИВОТ СЕ ТРГУВА ВО ПОЗИТИВА

На европските берзи утрово, индексите на берзата паднаа бидејќи инвеститорите не се склони кон поризични инвестиции поради ескалацијата на кризата на Блискиот Исток.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции падна за 0,3 проценти во 9:30 часот наутро.

Во исто време, лондонскиот индекс FTSE ослабе за 0,13 проценти, на 8.765 поени, додека франкфуртскиот DAX се лизна за 0,21 проценти, на 23.300 поени, а парискиот CAC за 0,46 проценти, на 7.555 поени.

Инвеститорите не се склони кон поризични инвестиции поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, откако САД се вклучија во војната меѓу Израел и Иран. Имено, во саботата, американски воени авиони бомбардираа три нуклеарни објекти во Иран, што треба да му оневозможи на Техеран да произведува нуклеарно оружје.

Иран одговори со уште поинтензивен ракетен оган врз цели во Израел, а сето ова се заканува дополнително да го ескалира конфликтот на Блискиот Исток.

Азиските берзи исто така тргуваат претпазливо, а позитивно на берзите во Заливот.

Индексот MSCI на акциите во Азиско-пацифичкиот регион падна за околу 0,3 проценти во 9:30 часот наутро.

Во исто време, цените на акциите во Јапонија, Австралија и Јужна Кореја паднаа помеѓу 0,1 и 0,4 проценти. Сепак, во Шангај и Хонг Конг тие се зголемија за околу 0,6 проценти.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk