Некои приказни во часовничарството никогаш не исчезнуваат. Само чекаат вистински момент повторно да бидат откриени.
Токму таква беше и вечерта на 25 февруари во амбиентот на Three Kitchen, каде Божиновски Часовници и Накит организираше непосредна дружба со пријателите на брендот, партнерите и долгогодишните клиенти, претставувајќи ги најновите модели на Breitling и отворајќи разговор за идните насоки на современото часовничарство.

Во атмосфера што го спојуваше урбаниот стил со швајцарската прецизност, гостите имаа можност одблиску да ја почувствуваат филозофијата на брендот кој повеќе од 140 години ја гради својата приказна околу авијацијата, адреналинот и безвременскиот дизајн.

Специјален гостин на вечерта беше регионалниот бренд менаџер на Breitling за Југоисточна Европа, Марко Кринингер, чие присуство ја нагласи важноста на македонскиот пазар во рамки на регионалниот развој на брендот. Со присутните беа споделени насоките за иднината на Breitling, вклучувајќи ја и трансформацијата кон „House of Brands“ концепт.

Во рамки на оваа стратегија, компанијата го проширува своето портфолио со приклучување на две историски значајни швајцарски имиња, Gallet и Universal Genève. Брендови со корени во 19-от век и значајна улога во развојот на хронографите и авијациските часовници, тие ќе бидат ревитализирани и повторно лансирани во 2026 година, задржувајќи го својот уникатен идентитет и културно наследство.

„Со ‘House of Brands’ ја прошируваме приказната на Breitling преку брендови со силно историско значење и различни идентитети. Universal Genève и Gallet имаат сопствена публика и карактер, а заедно создаваат поширок екосистем што ја збогатува современата часовничарска сцена,“ изјави Кринингер.

Three Kitchen беше природен избор за ваква средба. Урбаниот визуелен јазик на просторот органски се вклопи со карактерот на Breitling, додека тимот на Божиновски го трансформираше амбиентот во препознатлив „Breitling свет“, каде суптилните жолти акценти ја следеа енергијата на брендот: сила, адреналин и живот со полна динамика.

Со 140 години Breitling, 30 години Божиновски и речиси две децении партнерство на македонскиот пазар, вечерта уште еднаш ја потврди заедничката посветеност кон наследството, врвниот квалитет и долгорочната визија.

„Во изминатите 30 години, Божиновски Часовници и Накит внимателно ја гради својата улога како куќа на брендови во Македонија, преку избор што започнува со доверба и продолжува со долгорочни партнерства. Речиси две децении Breitling е дел од таа приказна кај нас, и затоа фактот што својата следна голема стратегија ја споделуваат и пред македонската јавност го доживуваме како природно продолжение на заедничкиот пат,“ изјави Игор Божиновски.

Во време кога глобалните брендови повторно се навраќаат кон своите корени и наследство, приказната природно се надоврзува и локално. Во изминатите три децении, Божиновски Часовници и Накит внимателно ја гради својата улога како куќа на брендови во Македонија, преку рафиниран и посветен избор на часовничарски и накитни имиња што ја спојуваат традицијата со современиот израз.

Токму таа долгорочна посветеност овозможува глобалните стратегии на брендови како Breitling да добијат свој контекст и публика и на македонскиот пазар.

За оние што сакаат подетално да ја истражат актуелната колекција и филозофијата на брендот, повеќе информации се достапни на официјалната страница на Breitling:
Погледни фотогалерија:














© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата