logo
logo
logo

БЕНЗИСКИТЕ ПУМПИ ДА ГИ ПРИЛАГОДАТ ФИСКАЛНИТЕ КАСИ ЗА НАМАЛЕНОТО ДДВ

Vecer | 23.03.2026

БЕНЗИСКИТЕ ПУМПИ ДА ГИ ПРИЛАГОДАТ ФИСКАЛНИТЕ КАСИ ЗА НАМАЛЕНОТО ДДВ

Согласно Одлуката на Владата за определување на видот на добрата и временскиот период на примена на повластена даночна стапка донесена на вонредна владина седница одржана вчера, во периодот од 24 март (00:01 часот) до 6 април (24:00 часот) 2026 година ќе се применува повластена даночна стапка на прометот на енергенсите (горивата) од 10 отсто, соопшти Управата за јавни приходи.

„Управата за јавни приходи информира дека сите даночни обврзници кои вршат трговија на мало со моторни горива и мазива во специјализирани продавници се должни навремено да извршат усогласување согласно тарифникот од одлуката, односно, да ги прилагодат фискалните системи, ценовниците и фактурирањето, со цел правилна пресметка, евидентирање и прикажување на повластената стапка на данокот на додадена вредност (ДДВ) од 10 отсто“, се наведува во соопштението на УЈП.

Управата за јавни приходи укажува дека примената на оваа мерка мора да биде доследна и во согласност со законските одредби. УЈП ќе врши засилени контроли со цел да се обезбеди целосно почитување, при што за евентуални неправилности ќе бидат преземени соодветни законски мерки.

Управата повикува сите засегнати субјекти да постапуваат согласно прописите и да придонесат кон транспарентно и законито работење, во интерес на граѓаните и на економијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk