logo
logo
logo

Движења на пазарот: Нафтата поскапува, паѓа цената на гасот и златото

Vecer | 22.05.2026

Движења на пазарот: Нафтата поскапува, паѓа цената на гасот и златото

Цената на нафтата „Брент“ денеска благо порасна на 105 долари за барел, а на сировата нафта (WTI) на 98,6 долари, додека европските и американските берзански индекси исто така забележаа раст.

Фјучерсите на сировата нафта од марката „Брент“ се искачија над 105 долари по барел, откако извештаите укажаа дека иранскиот врховен лидер наредил резервите на збогатен ураниум во земјата да останат во Иран. Ова ги комплицира тековните мировни преговори, бидејќи демонтирањето на нуклеарната програма на Техеран останува главно барање на САД.

Според податоците од берзите, цената на гасот на денешното отварање на TTF изнесуваше 47,92 EUR/MWh или околу 495 евра за 1.000 кубни метри, што претставува пад од приближно 3,01 отсто.

Европските берзански индекси пораснаа на денешното отворање: Stoxx 600: 624,10 (+0,5 отсто), FTSE 100: 10.484,10 (+0,39 отсто), DAX 40: 24.785,40 (+0,73 отсто), CAC 40: 8.134,51 (+0,60 отсто) и FTSE MIB: 49.449,50 (+0,57 отсто).

Американските индекси на отворањето на берзите изнесуваа Dow Jones: 50.395,14 (+0,55 отсто), S&P 500: 7.462,70 (+0,17 отсто), Nasdaq: 29.356,05 (+0,20 отсто) и Russell 2000: 2.841,74 (+0,87 отсто).

Златото денеска изнесува 4.525 долари за унца, што е пад од 0,35 отсто во однос на претходниот ден, а пченицата чини 648,17 долари за бушел (27,2 кг), односно за 0,10 отсто повеќе.

Валутниот пар EUR/USD изнесува 1,1615, а вредноста на еврото е помала за 0,08 отсто во однос на претходниот ден.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk