Во сабота, 8 ноември, данскиот малопродажен ланец JYSK ги затвори сите 108 свои продавници во Норвешка, а причината не е ниту реконструкција ниту штрајк, туку голема годишна забава за вработените.
Компанијата ја затвора целата земја по еден ден секоја година за да ги прослави своите вработени. Сите работници од продавниците и седиштето, околу 1.200 од нив, заедно со партнерите, беа поканети на настанот. Трошоците за летови, храна и сместување изнесуваат неколку десетици милиони норвешки круни.
„Тоа е наша инвестиција во луѓето, може да се каже и дека е израз на љубов кон нашите вработени. Сакаме да ги собереме, да ги наградиме заедно со нивните партнери и да им се заблагодариме за нивните напори“, рече Мартина Похјанен, директорка на JYSK Норвешка.
Рекордните деловни резултати се исто така причина за прослава - JYSK Норвешка во фискалната 2024/2025 година оствари приход од над 3,3 милијарди норвешки круни.
„Тоа е потсетник дека напорната работа и посветеноста секогаш се исплаќаат“, додаде Похјанен.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата