logo
logo
logo

Европските акции растат откако Трамп ги одложи царините врз ЕУ

Vecer | 26.05.2025

Европските акции растат откако Трамп ги одложи царините врз ЕУ

Европските берзи денес пораснаа откако САД одлучија да го одложат воведувањето високи царини за увоз од Европската Унија до јули.

На пример, берзанскиот индекс STOXX 50 на еврозоната порасна за 1,3 проценти на 5.397 поени на затворањето на тргувањето денес, а STOXX 600 доби еден процент на 550 поени, објави „Trading Economics“.

Според тоа, компаниите кои се силно фокусирани на американскиот пазар добија вредност и се опоравија од падот во петокот.

Така, производителите на автомобили „Стелантис“, „Фолксваген“, „БМВ“ и „Мерцедес“ пораснаа помеѓу два и пет проценти.

Од друга страна, мултинационалната корпорација „Сименс“ порасна за три проценти, а глобалната здравствена компанија „Ново Нордиск“ за четири проценти.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се согласил да го одложи спроведувањето на царините од 50 проценти за увоз од Европската Унија до 9 јули, додавајќи дека имал „многу пријатен телефонски разговор“ со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, што довело до одложувањето, објави Си-Ен-Ен.

„Фон дер Лајен рече дека сака да премине на сериозни преговори. Таа праша дали спроведувањето на царините може да се помести од 1 јуни на 9 јули. Таа побара тој точен датум и јас се согласив“, рече Трамп.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk