logo
logo
logo

BOOKING.COM СИ РЕЗЕРВИРАШЕ ТУЖБА НА СУД: Повеќе од 130.000 луѓе го ТУЖАТ за вештачко зголемување на цените

Vecer | 03.07.2025

BOOKING.COM СИ РЕЗЕРВИРАШЕ ТУЖБА НА СУД: Повеќе од 130.000 луѓе го ТУЖАТ за вештачко зголемување на цените

Повеќе од 130.000 луѓе поднесоа колективна тужба против Booking.com, за која веруваат дека вештачки ги зголемила цените на сместувањето, објави денес Холандското здружение на потрошувачи.

Огромниот број апликации веднаш по објавувањето на тужбата минатиот четврток дури предизвика и краток пад на системот на страницата за регистрација, која сега е повторно во функција, објавува NL Times.

Здружението на потрошувачи, во соработка со фондацијата CCC, ја обвинува добро познатата платформа за резервација на сместување за кршење на правилата за фер конкуренција и вештачко зголемување на цените на хотелското сместување со години.

Вкупната штета, според нивните тврдења, би можела да изнесува стотици милиони евра, со потенцијална компензација од неколку десетици или дури стотици евра по корисник.

Тужбата ги вклучува сите граѓани на Холандија кои резервирале сместување преку Booking од 1 јануари 2013 година.

Организациите тврдат дека дури и оние кои направиле резервации директно со хотелот или преку други канали би можеле да бидат погодени од повисоките цени поради влијанието што Booking го имал врз пазарот.

„Судскиот процес може да трае со години, но прво сакаме да разговараме со „Букинг“ за можностите за договор“, изјави портпаролот на Здружението на потрошувачи.

Компанијата „Букинг“ ги отфрли обвинувањата и изјави дека „секогаш се обидувала да им понуди најдобри можни цени и транспарентно искуство со резервација на корисниците“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk