logo
logo
logo

Ученици од „Партенија Зографски“ во посета на БРАКО – се запознаа со роботско производство и технологии

Vecer | 21.03.2026

Ученици од „Партенија Зографски“ во посета на БРАКО – се запознаа со роботско производство и технологии

Ученици од државното средно стручно училиште „Партенија Зографски“, наменето за деца со посебни образовни потреби, беа во едукативна посета на производствените капацитети на БРАКО.

Станува збор за девет ученици од образовните профили машински техничар и бравар/заварувач, кои имаа можност одблиску да се запознаат со современите индустриски процеси и технологии што се применуваат во компанијата.

За време на посетата тие го разгледаа процесот на производство на возилата за урбано чистење од брендот Green Machines, каде се произведуваат возила на водороден, електричен и касичен погон, како и секторот за тешки метални конструкции. Посебен интерес кај учениците предизвикаа монтирањето на возилата и роботизираните системи за заварување.

Учениците покажаа голем интерес за техничките процеси, поставуваа прашања за функционирањето на возилата за чистење, за работата на дилерската мрежа, како и за начинот на кој роботите учествуваат во процесите на заварување.

Низ производните погони учениците ги водеа инженерите Благој Филџанов и Никола Богдановски, као и инженер Мирјана Ковачева Најдова, одговорна за безбедност и здравје при работа во БРАКО. Во придружба на учениците беа директорката на училиштето и двајца професори.

Државниот училишен центар „Партенија Зографски“ од Скопје е средно стручно училиште кое обезбедува образование, рехабилитација и професионално оспособување на ученици со оштетен слух од целата држава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk