logo
logo
logo

Од полноќ поскап еуродизел, бензините со исти цени

Vecer | 22.09.2025

Од полноќ поскап еуродизел, бензините со исти цени

Дизел горивото од ноќеска на полноќ поскапува за половина денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,26 отсто во споредба со претходната одлука.

Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 69,5 денари за литар. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат и остануваат 75,5 денари на ЕУРОСУПЕР БС – 95, 77,5 денари на ЕУРОСУПЕР БС – 98 и 69 денари на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1).

Со одлуката на РКЕ за 0,207 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 36,947 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 0,368 отсто, додека кај другите деривати има зголемување и тоа кај дизелот за 2,18 отсто, кај екстра лесното масло за 1,481 и кај мазутот за 1,689 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,6675 отсто.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk