logo
logo
logo

Компанијата ја потврди општествената одговорност поддржувајќи активности од значење за заедницата

ФЕРОИНВЕСТ СПОНЗОР НА МЕЃУНАРОДНИОТ НАТПРЕВАР ВО ЛАТИНО ТАНЦИ ВО СКОПЈЕ

Vecer | 04.10.2025

ФЕРОИНВЕСТ СПОНЗОР НА МЕЃУНАРОДНИОТ НАТПРЕВАР ВО ЛАТИНО ТАНЦИ ВО СКОПЈЕ

ФЕРОИНВЕСТ беше спонзор на престижниот интернационален натпревар во латиноамерикански и стандардни танци, кој викендов се одржа во Скопје под покровителство на Светската федерација за спортски танц (World DanceSport Federation – WDSF).

Настанот, во организација на танцовиот клуб „Ритам Плус“, собра натпреварувачи и судии од Македонија, Србија, Турција, Австрија, Грција, Словачка, Бугарија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Италија. Меѓународниот карактер и високите стандарди го вброија овој натпревар меѓу најзначајните танцови настани во регионот.

Натпреварот се одржа во спортската сала „Јане Сандански“, каде публиката имаше можност да ужива во настапите на врвни танчари и да биде дел од незаборавна вечер исполнета со енергија, емоции и танцова уметност.

ФЕРОИНВЕСТ и овој пат ја потврди својата определба за општествена одговорност, поддржувајќи активности од значење за заедницата. Компанијата редовно инвестира во области како што се образованието, здравството, спортот, уметноста, религијата и социјалните иницијативи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk