logo
logo
logo

СЕ ПРОДОЛЖУВА РОКОТ ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА ТРАКТОРИ, ПРИКОЛКИ И ДРУГИ МАШИНИ

Vecer | 11.03.2026

СЕ ПРОДОЛЖУВА РОКОТ ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА ТРАКТОРИ, ПРИКОЛКИ И ДРУГИ МАШИНИ

Пратениците на денешната седница на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетски политики едногласно го усвоија Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за возила, по скратена постапка. Пратеникот во македонско Собрание, Кире Божиновски ја образложи потребата од донесување на законските измени на Законот за возила.

Божиновски рече дека со овој законските измени се решаваат две клучни прашања, а тоа се легализацијата на трактори, земјоделски приколки, како и за домување, мотоколтиватори, возила од категориите 01, 02 и Л, а воедно ќе се формираат регистри што ќе ги води ресорното министерство.

– Прво се овозможува дополнителен рок за легализација и утврдување на сопственичкиот статус на тракторите, тракторските приколки, мобилни машини, мотоколтиватори, приколки за домување, како и возила од категориите 01, 02 и Л. Имено во пракса, бидејќи постојат поголем број на започнати постапки и за незавршени постапки за легализација на вакви возила и на постапки што се во жалбена фаза предлагаме овој Закон да се усвои, рече Божиновски.

Тој додаде дека втората причина за донесување на ова законско решение е воспоставување на појасна рамка за овластување на застапници и независни институции и воведување на регистри што ќе ги води надлежното министерство. На тој начин ќе се овозможи и поголема транспарентност и контрола во водењето на постапките. Овие законски измени на Законот за возила немаат финансиски импликации врз буџетот на државата и се намалуваат ризиците поврзани со безбедноста на сообраќајот.

Предлагачи на Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за возила, по скратена постапка се пратениците Биљана Кузманоска,  Благица Ласовска,  Златко Пенков,  Зоранчо Јованчев, Јулија Тушевска, Кире Божиновски, Моника Трајанова, Петар Ристески и Пеце Милевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk