logo
logo
logo

Димитриеска-Кочоска oд Делфи

„Ова е крајот на глобализацијата, од одлуките за царините најмногу ќе трпи САД“

Vecer | 11.04.2025

„Ова е крајот на глобализацијата, од одлуките за царините најмногу ќе трпи САД“

Владата ќе ја продолжи дискусијата со администрацијата на САД за воспоставување слободна трговија, вели министерката за финансии во изјава за медиуми од Економскиот форум во Делфи, на кој во економскиот дел во фокусот се последните одлуки на САД за царините.

  • „Клучно е дека Европа е подготвена, многу е смирена. Тука се присутни претставници и од Светска Банка и од ММФ, од ЕБОР и гледам една смиреност кај нив.  Мислам дека работите за брзо време ќе се вратат во нормала. Една беше дискусијата вчера со толку високи царински стапки,  денеска веќе е нешто друго, нешто што и американската економија може да го поднесе. Не очекувам некое големо влошување особено за македонската економија. Заклучоците од економистите на Форумот се дека ова е крајот на глобализацијата и дека економистите се едногласни оти Америка најмногу ќе страда бидејќи очекуваат инфлација таму и многу низок раст на економијата“, рече Димитриеска-Кочоска.

Таа најави дека следната недела патува во Вашингтон на Пролетни средби на ММФ и Светска банка каде ќе ја искористиможноста за средба во Трезорот на САД. 

„Зошто да не се обидеме да ја искористиме ситуацијата во наша полза. Дискусијата за слободна трговија останува и тука не се откажуваме“, вели Димитриеска – Кочоска.

Според неа од овие одлуки најмногу последици ќе трпи американската економија. „Таму“, како што додава, „може да се каже дека доколку продолжат одлуките такви какви што се ќе влезат во стагфлација, односно намалување на растот, можеби негативен раст и инфлацијата со сигурност на нивно тло, а сето тоа во Европа ќе оди задоцнето“, истакна министерката за финансии.

Министерката Димитриеска-Кочоска учествува на 10. Економски форум што се одржува во грчкиот град Делфи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk