Минатата година, Германија издвои 11,8 милијарди евра за климатски проекти во земјите во развој, повеќе од кога било досега, објави во понеделник берлинската влада.
6,1 милијарди беа финансирани од федералниот буџет, а уште 4,6 милијарди за проекти како што се соларни и ветерни електрани беа обезбедени од германските развојни банки.
Приватните инвеститори инвестираа 1,1 милијарда евра.
Со Парискиот климатски договор во 2015 година, меѓународната заедница се обврза дека развиените земји ќе издвојуваат 100 милијарди долари годишно до 2025 година за да им помогнат на сиромашните во борбата против глобалното затоплување.
Германија вети најмалку шест милијарди евра годишно, цел што ја исполни минатата година, соопшти владата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата