logo
logo
logo

Капиталните инвестиции бележат раст од 179,7% во првите два месеца од 2026 година

Vecer | 02.03.2026

Капиталните инвестиции бележат раст од 179,7% во првите два месеца од 2026 година

Висок 179,7% раст на реализација на капитални инвестиции е остварен во првите два месеца од оваа година. Согласно податоците за реализација на Буџетот заклучно со 27 февруари во првите два месеца од 2026 година реализирани се вкупно 8,1 милијарди денари што претставува раст од 179,7% или во апсолутен износ во двата месеца од оваа година во споредба со двата месеца од 2025 година има повисока реализација на капитални инвестиции во износ од 5,2 милијарда денари.

Во Буџетот за 2026 година капиталните расходи се проектирани на износ од 40,1 милијарди денари. Планирани се реализација на инфраструктурни проекти, енергетски, капитални проекти од областа на сообраќајот, комунална и локална инфраструктура за подобрување на условите за живот на граѓаните. Исто така, со Буџетот е планиран износ од 2,1 милијарда денари за реализација на капитални проекти во општините.

Од планираните 40,1 милијарда денари во првите два месеца се реализирани 8,1 милијарди денари или 20,12% од предвиденото.

Имено, реализацијата на Буџетот во првите два месеца од годината е согласно планираното.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk