logo
logo
logo

МОЌНИТЕ ГЕРМАНЦИ ГИ ВООРУЖУВААТ ХОЛАНЃАНИТЕ - потпишан двоцифрен милионски договор

Vecer | 01.02.2026

МОЌНИТЕ ГЕРМАНЦИ ГИ ВООРУЖУВААТ ХОЛАНЃАНИТЕ - потпишан двоцифрен милионски договор

Германскиот производител на оружје „Рајнметал“ потпиша повеќегодишен рамковен договор со холандската армија за производство и испорака на рачни гранати.

Договорот ги проширува постојните рамковни договори што опфаќаат муниција од 155 мм и 40 мм, соопшти „Рајнметал“ во петокот.

„Овој договор ја нагласува довербата што нашите холандски партнери ја имаат во способноста и сигурноста на „Рајнметал“ како водечки европски снабдувач на системи во областа на муницијата“, изјави Робин Реим, директор за продажба на „Рајнметал“ за земјите од Бенелукс, пренесува ДПА.

Договорот има почетен рок од пет години, со можност за продолжување за дополнителни две години, а вредноста е во „двоцифрен опсег од милиони евра“.

Договорот значи испорака на околу 15 различни видови рачни гранати од погоните на „Рајнметал“ во Германија и Австрија.

Бомбите ќе се произведуваат во Тритау и Зилберхајте во Германија, како и во Шваненштат во Австрија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk