Во светската индустрија каде квалитетот, довербата и иновацијата се oсобено важни за позиционирање на секоја компанија, АД “Европа” Скопје се издвојува како симбол на современо производство и врвен стандард од самото основање во 1882 година до денес. Со долгогодишно искуство и јасна визија, компанијата континуирано инвестира во развој, модерни технологии и унапредување на своите производи, со цел да одговори на највисоките барања на пазарот.
Фабрика “Европа” не е само производствен капацитет – таа е бренд што гради вредност, создава препознатливи вкусови и ја негува довербата на потрошувачите.
Посветеноста кон квалитетот се потврдува преку имплементација на светски признати стандарди и сертификати како што се ISO 22000:2018, HACCP, IFS (International Featured Standards) и RA (Rainforest Alliance) кои гарантираат безбедност, сигурност и конзистентност во секој производ. Овие признанија се резултат на долгорочна стратегија насочена кон унапредување на производните процеси, заштита на потрошувачите и одржливото работење.
Со внимателно одбрани состојки, прецизни производствени процеси и тим од професионалци, фабрика “Европа” создава производи во кои уживаат сите генерации и се задолжителни на трпезата во секој дом. Компанијата постојано работи на проширување на својот асортиман, следејќи ги современите трендови и потребите на потрошувачите.










Како општествено одговорна компанија, фабрика “Европа” вложува и во одржлив развој, еколошки практики и поддршка на локалната заедница, со што дополнително ја зацврстува својата позиција како доверлив и одговорен партнер.
АД Европа Скопје – вистински избор за најдобрите слатки задоволства
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата