Платформата X (Twitter), во сопственост на Илон Маск, има нов директор за производи.
Маск го назначи програмерот одговорен за неколку успешни апликации за социјални мрежи фокусирани на млади, Никита Бир, познат како „Крал на виралноста“, на оваа функција.
Бир беше назначен за директор за производи во Компанијата X три години откако јавно му предложи на Маск на таа платформа да го ангажира.
Експертите велат дека назначувањето на Бир би можело да го зголеми учеството на клучна демографска група на платформата, имено Генерацијата Z.
Бир, со прекар „крал на виралноста“ поради неговите претходни успеси со апликациите за социјални мрежи, ги продаде тие платформи на Мета и Дискорд, но критичарите велат дека користел „психолошки трикови“ за да ги натера тинејџерите да се регистрираат, објавува Би-Би-Си.
Во 2018 година, порталот BuzzFeed објави дека добил меморандум во кој основачите на tbh, по аквизицијата, им кажале на своите колеги од Фејсбук за „психолошки трик“ што може да се користи за регрутирање тинејџери.
Што точно претставувал овој „трик“ не беше објаснето, но се вели дека вклучувал пребарување на Инстаграм за профили на средношколци.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата