logo
logo
logo

ИСКЛУЧИТЕЛНО СМЕ ЗАДОВОЛНИ: Индустриското производство во мај е зголемено за 9,4% споредено со лани

Vecer | 02.07.2025

ИСКЛУЧИТЕЛНО СМЕ ЗАДОВОЛНИ: Индустриското производство во мај е зголемено за 9,4% споредено со лани

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на растот на индустриското производство во Македонија, изјави:

„Да, исклучително сме задоволни, бидејќи индикаторите, посебно во вториот квартал, почнуваат конечно да покажуваат раст. Значи оној период на стабилизација на македонската економија, сега е проследен со раст. Токму една од причините за таквиот раст е и работата на компании слични на Реплек, каде што сме денеска. Да го поздравиме сето ова што го прави менаџментот тука и да ги охрабриме да продолжат во таа насока.

Раст од 9,4% речиси двоцифрен раст на индустриското производство во мај, споредено со мај минатата година и раст на 9% на преработувачката индустрија во мај, е нешто коешто навистина за нас е многу значајно.

Исто така, можам да кажам дека ако се земе периодот од почетокот на годината заклучно со мај месец, значи првите 5 месеци споредено со истиот период лани, растот е над 3, мислам дека е 3,3%, а кај преработувачката индустрија 4,5%.

Така што можам слободно да заклучам дека периодот на консолидирање и стабилизација е завршен, сега почнуваме преку овие индикатори да генерираме раст. Туризмот расте со повеќе од 20% и расте индустриското производство, растат инвестициите и така натаму. Ценам дека вториот квартал, би требало да имаме исклучително висок раст на македонската економија.“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk