logo
logo
logo

Халкбанк од денеска е комплетна дигитална банка – пристап до сите услуги и онлајн

Vecer | 04.07.2025

Халкбанк од денеска е комплетна дигитална банка – пристап до сите услуги и онлајн

Халкбанк АД Скопје продолжува да ги поставува стандардите во домашниот банкарски сектор со својата дигитална трансформација. Најновата иновација, можноста за онлајн отворање платежна сметка и електронско банкарство значи чекор поблиску до концептот на комплетна дигитална банка, каде што клиентите можат да пристапат до целосната понуда на банкарски услуги од каде било и во секое време.

Од денеска, сите заинтересирани граѓани резиденти може да отворат платежна сметка и да станат корисници на електронско и мобилно банкарство без физичко присуство во филијала. Постапката е едноставна, брза и целосно безбедна, преку OneID - националниот систем за електронска идентификација, корисникот се најавува, а потоа се пренасочува до апликацијата за отворање платежна сметка и електронско банкарство. Дел од личните податоци автоматски се внесуваат, а договорите се потпишуваат електронски. По завршување на процесот, клиентот добива ЛИБ код за активирање на електронското банкарство.

Со ова, Халкбанк овозможува целосен дигитален пристап до своите услуги. Откако ќе отворите сметка, можете веднаш да аплицирате за дебитна или кредитна платежна картичка, дозволено пречекорување, кредитни производи и депозити, сè преку електронско банкарство.

Со воведување на вакви функционалности, Халкбанк ја потврдува својата посветеност кон унапредување на клиентското искуство и градење на модерна, технолошки напредна и достапна банка. Притоа, сите дигитални решенија се надополнување, а не замена за постојната банкарска инфраструктура – филијалите и понатаму остануваат на располагање за сите кои имаат потреба од физичка поддршка или консултација.

Започнете го своето дигитално банкарско искуство со Халкбанк уште денеска, брзо, сигурно и целосно онлајн.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk