logo
logo
logo

„Се реконструираат 15, а се градат 11 детски градинки за над 2600 дечиња“

Vecer | 19.06.2025

„Се реконструираат 15, а се градат 11 детски градинки за над 2600 дечиња“

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека еден од најголемите проблеми е сместувањето и капацитетите на градинките и што Владата презема на тој план, изјави:

„Тоа беше еден од основните проекти коишто почнавме да го работиме уште од самиот почеток, уште практично, после големата победа на локалните избори во 2021 година, е кога си земавме за цел дека онаму каде што има листи на чекање, да нема повеќе листи на чекање. Тоа најчесто беше пример во Скопје и во неколку поголеми урбани средини и чекор по чекор тој процес се завршуваше. Она што можам да го кажам е дека во моментот околу 15 објекта се адаптираат, реконструираат, модернизираат, коишто би прифатиле околу 1500 деца, мислам дека 1461 точно, е капацитетот.

И уште 11 се нови објекти коишто се градат за негде околу 1100 дечиња. Кога сето ова ќе се затвори, листите на чекање мислам дека ќе бидат веќе минато или би биле многу мали или незначителни.“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk