ММФ може да ја прекине финансиската поддршка за Украина поради одбивањето на Белгија да ги заплени руските средства замрзнати во земјата.
„Политико“ објави дека европските претставници веруваат дека конфискацијата на руски средства би го убедила ММФ во финансиската одржливост на Украина во наредните години – што е неопходен услов за континуирано финансирање.

Белгија, каде што се замрзнати најголем дел од руските средтсва се противи на нивното запленување, поради страв од легални последици, но и Франција и Италија исто така се изјаснија против префрлање на замрзнатите средства, пишува „Кориере дела сера“.
Според „Економист“, на Украина ќе ѝ бидат потребни 400 милијарди долари во текот на следните четири години за да ја продолжи војната.
Белгискиот премиер Барт де Вевер на крајот крајот на октомври изрази негодување за планот на Европската унија за користење на замрзнатиот руски имот во вредност од 140 милијарди евра, јави „Јутарњи лист“.
– Ако Русија навистина ги побара парите назад од која било причина, готовината треба веднаш да биде таму – изјави Де Вевер, додавајќи дека „довербата во целиот финансиски систем на Европа би била под знак прашалник“.
Белгискиот премиер прашал кој ќе ја даде гаранцијата за парите, но, како што нагласил, „не доби одговор со цунами од ентузијазам“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата