logo
logo
logo

ПО 7 ГОДИНИ ЗАСТОЈ: Градењето финишира, телекомуникациската кула на Водно ќе биде највисок објект во Скопје

Vecer | 11.08.2025

ПО 7 ГОДИНИ ЗАСТОЈ: Градењето финишира, телекомуникациската кула на Водно ќе биде највисок објект во Скопје

Телекомуникациската кула на Скопско Водно е највисокиот објект во Македонија, со сложена геометриска форма и футуристички изглед, претендира да стане нова турстичка атракција.

Од четирите платформи кои по една ќе бидат за полицијата, за војската и една за македонската радиодуфизија, последната – највисоката ќе биде наменета за туристичка дејност. Поставена на ротирачка платформа од која додека го пиете вашетo кафе, во време од еден час, ќе завртите круг од 360 степени.

„Има сложена геометриска форма и футуристички изглед, се состои од неколку главни елементи, едниот е армирано бетонско стебло високо 115 метри, 4 платформи, челична решетка висока 27 метри која се наоѓа на бетонското стебло и од страната има украсни декоративни рогови кои што имаат закривена форма. На тој ротирачки прстен ќе бидат поставени маси на кои што ќе можат да седат гостите и да бидат послеужени со кафе или друг пијакок и да уживаат во глетката што ја има околината на Скопје “- вели Орце Симов, претседател на УО на Агенцијата за електронски комуникации

Телекомуникациската кула на Водно треба да биде висока 155 метри, по што ќе биде два пати повисока од Милениумскиот крст.

Уште десетина дена ќе останат градежните работници завршуваат со последните фази од изградбата, по што ќе се постави резервар за нафта.

Според планот за работа, околу 25 август треба да бидат поставени столбови за осветлување и заштитната ограда околу кулата.

„Останува уште еден покрупен проблем, а тоа е приклучок кон ЕВН за што е потребен урбанистички проект, според мои информции од министерството за транспорт и врски, утре ќе го добиеме. Потоа останува за кулата да добиеме технички прием и во најкус временски период да биде ставена во функција за туристите“- вели Орце Симов, претседател на комисијата на Агенцијата за електронски комуникации.

Симов вели дека многу скоро се очекува да финишира и техничкиот прием на кулата, што значи дека за кус период на повидок е нова туристичка атракција во Скопје.

Кулата е тестирана во лабораторија во Фиренца и има издржливост на ветрови од 160км /ч.

Од столбовите каде што е поставена кулата, извадени се 20 илјади м/3 камен кои што се однесени на потегот од Долно Соње до кулата.

Изградбата започна пред 12 години со цел да се изгради посебен антенски систем за контрола на радиофрекфенции. 

Покрај првичната намена, Телекомуникациската кула на Водно се очекува да прерасне во ново обележје на градот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk