logo
logo
logo

НА 2 ЈУЛИ ПОЧНУВА РАСПРАВАТА ЗА РЕБАЛАНСОТ ЗА БУЏЕТОТ

Vecer | 27.06.2025

НА 2 ЈУЛИ ПОЧНУВА РАСПРАВАТА ЗА РЕБАЛАНСОТ ЗА БУЏЕТОТ

Расправата во Собранието по Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2025 година, во второ читање, почнува на 2 јули на седницата на Комисијата за финансирање и буџет.

Со Предлог ребалансот што го усвои Владата на 19. јуни вкупните приходи се проектирани на ниво од 362,4 милијарди денари, а капиталните расходи се планирани во висина од 47,5 милијарди денари. Проекцијата за БДП останува 3,7 проценти, а инфлацијата се очекува понатаму да се стабилизира и е проектирана на ниво од 2,8 проценти. Буџетскиот дефицит останува непроменет и во апсолутен износ и како процент од БДП, односно 41,3 милијарди денари или 4 проценти од БДП.

– Измените и дополнувањата на буџетот за 2025 година се потврда на фискалната политика која ја водиме во изминатата година и со која обезбедуваме консолидација и стабилизирање на макроекономската состојба. Економската активност добива на динамика и забрзува, таквиот тренд ќе го одржиме и во наредниот период со политиките кои се планирани со Ребалансот. Дисциплинираниот пристап во управувањето со јавните финансии ќе продолжи, буџетскиот дефицит останува непромент и во апсолутен износ и како процент од БДП и е понизок од остваренито дефицит минатата година, внимателен и сериозен пристап применуваме и во управувањето со јавниот долг, а за тоа најважен показател е намалувањето од 36 милион евра регистрирано во првиот квартал од 2025 година – рече министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на прес-конференцијата на која го претстави Предлог ребалансот на Буџетот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk