logo
logo
logo

„Годишна инфлација околу 4%, силни контроли во супермаркетите“

Vecer | 07.01.2026

„Годишна инфлација околу 4%, силни контроли во супермаркетите“

Годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Според него, ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци, а Владата активно делува преку чести контроли на инспекциските служби.

Во тој контекст, премиерот најави засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.

Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. Ние веќе неколку месеци испраќаме контроли. Има ланец маркети кои се соочија со казни. За некои од ланците веќе имаме докази и ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата – рече премиерот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk