logo
logo
logo

92,1 отсто од населението во земјава користи Интернет

Vecer | 16.10.2025

92,1 отсто од населението во земјава користи Интернет

Во првото тримесечје од 2025 година, 92.1 % од вкупното население во земјава на возраст од 15 до 74 години користеле интернет, а 91.2 % од домаќинствата имале пристап на интернет од дома, објави Државниот завод за статистика.

Во истото тримесечје, 79.1 % од вкупното население на возраст од 15 до 74 години користеле интернет неколкупати во текот на денот, а 60.3 % направиле онлајн нарачка или купопородажба во последните 12 месеци.

При користењето на ИКТ во домаќинствата и од поединците, најголемо учество од 93.2 % имаат телефонирањето преку интернет/видеoповиците (веб-камера; апликации – Skype, Facetime, Messenger, WhatsApp, Viber, Snapchat).

Пораки, пак, најмногу се испраќале преку Skype, Messenger, WhatsApp, Viber.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk