logo
logo
logo

ДЕСЕТ НОВИ АВИОДЕСТИНАЦИИ Новите летови се до Бари, Стокхолм, Базел; Мадрид, Ларнака, Прага, Келн, Будимпешта, Неапол и Женева

Vecer | 18.10.2025

ДЕСЕТ НОВИ АВИОДЕСТИНАЦИИ Новите летови се до Бари, Стокхолм, Базел; Мадрид, Ларнака, Прага, Келн, Будимпешта, Неапол и Женева

Десет нови летови треба да ги поврзат македонските патници со Европа и со Азија, најавува ТАВ Македонија. Од крајот на октомври, започнува зимскиот распоред на летови 2025/26 со кој аеродромите во Скопје и Охрид добиваат нови дестинации и обновени линии.

Генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, во интервју вели дека тимот веќе преговара со авиокомпании за директни линии со Данска, Финска и Блискиот Исток. Паралелно, се подготвува засилена поврзаност со Шпанија и со Обединетото Кралство.

Меѓу најочекуваните летови се новите линии до Бари, Стокхолм и Базел, кои стартуваат на 27 октомври. Ден потоа, на 28 октомври, Скопје првпат ќе се поврзе со Мадрид, а повторно ќе се воспостави и летот до Ларнака. Како што е најавено, на 15 декември треба да почнат летовите за Прага и за Келн.

Проширување следува и кон крајот на март 2026 година. Според најавеното, Виз Ер ќе ја врати линијата Скопје–Будимпешта и ќе воведе нова кон Неапол, додека Охрид ќе добие врска со Милано. Десеттата нова рута е Женева, која ИзиЏет ја обновува на 3 ноември.

ТАВ Македонија и државните институции ќе ги претстават овие новини на туристички настани во Копенхаген, Стокхолм, Тајпеј, Сеул и Токио. Настаните се организирани во соработката со Националното здружение за дојдовен туризам во Македонија (НАИТМ).

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk