Соединетите Американски Држави објавија дека привремено ќе ги ублажат санкциите за иранската нафта што моментално се транспортира со танкери.
Министерството за финансии на САД објави дека „продажбата, испораката или истоварот на сурова нафта или нафтени производи од иранско потекло натоварени на кој било брод“ на или пред 20 март ќе биде „одобрен“ до 19 април.
Министерот за финансии Скот Бесент наговести за оваа можност во четврток, велејќи дека САД би можеле да ги укинат санкциите за „иранската нафта на море“, пишува ДПА.
„Всушност, ќе користиме ирански барели против Иранците за да ги одржиме цените ниски во следните 10 до 14 дена додека ја продолжуваме оваа кампања“, изјави Бесент за Фокс њуз, осврнувајќи се на обемот од „околу 140 милиони барели“.
Претходно, во обид да се зголеми глобалната понуда во време кога цените на енергијата растат, САД привремено дозволија купување руска нафта, која моментално се транспортира по море.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата