logo
logo
logo

НА БРЗА ЛЕНТА Е СТАВЕН ГАСОВОДОТ КОН ГРЦИЈА: Наскоро ќе започне изградба на северниот интерконектор со Србија

Vecer | 10.06.2025

НА БРЗА ЛЕНТА Е СТАВЕН ГАСОВОДОТ КОН ГРЦИЈА: Наскоро ќе започне изградба на северниот интерконектор со Србија

Гасоводот кон Грција е отпочнат да се гради, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Премиерот Мицкоски истакна дека затекнале проект којшто 7 години не бил поместен од место.

„Како Влада затекнавме еден проект којшто седум години не беше поместен од место и кога беше извршена некаква евалуација тогаш заемодавателите одлучија да го прекинат поради тоа што претходната влада на СДСМ и ДУИ креирала спецификација таква каква што не одговара на критериумите коишто ги даваат заемодавателите. На брза лента го ставивме тој проект, го корегиравме со новото раководство на „Нома гас”, тендерската документација се доврши, се потпиша договор со фирма изведувач и во моментот траат градежните активности. Се надевам многу скоро од денес сите заедно ќе појдеме на лице место и да се радуваме на уште еден проект којшто е многу значаен за сите нас. Бидејќи прво е двосмерен, не е едносмерен како цевководот којшто доаѓа од Бугарија, во Жидилово – Крива Паланка, овој е двосмерен. И доколку, а се надевам многу скоро ќе отпочне градбата на северниот интерконектор со Србија, тогаш како држава сме на мапата на транзит на гас и многу значајна за транзит на гас од југот, односно од терминалот Александрополи или пак од другите земји извонзички на гас, Азербеџан, Катар итн. кон централна Европа. И ние како држава добиваме на исклучително гео-стратешко значење. Тоа е една од моите лични цели коишто во овој мандат, во овие четири години очекувам да ја завршиме“ – дециден е Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk